Претседател на комисијата што ќе ги истражи настаните од 24 декември е Борче Давитковски, декан на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Комисијата, како дел од мартовскиот договор со кој се стави крај на политичката криза во Македонија пред пролетниот извештај на Европската комисија, од кој зависеше напредокот кон ЕУ, заглави околу изборот на нејзин претседател.
И по неколку предлози од власта и од опозицијата, работата стоеше в место и покрај сите апели од меѓунатродната, но и од домашната јавност.
Давитковски е компромисно решение кое го постигнале двете најголеми партии во власта и во опозицијата.
Тоа што е важно, истакнуваат во првичните реакции дел од македонските експерти, е што е избегната „замката“ со комисијата да претседава експерт-странец, со што сериозно би се нарушил угледот на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.