Двајца доктори се снимени како се расправаат во текот на операцијата царски рез. Кавгата траела 30 минути, а бебето починало.Гинекологот Ашок Ненивал се скарал со анестезиологот Таком во болница во Индија. Во еден момент гинекологот му се заканил на анестезиологот дека ќе го претепа.
Анита Синг (28) била бремена со своето прво дете и поради компликации завршила во болница каде требало да се породи со царски рез. Но, во текот на операцијата лекарите почнале да се караат, наводно околи фактот дали пациентката јадела пред царски рез или не.
По заканата дека ќе го претепа едниот доктор, заѕвонил телефонот. Целата ситуација ја снимил загрижен лекар кој бил во салата. Бебето во текот на царскиот рез се угушило.Лекарите се суспендирани, а болницата го истражува случајот.
Болницата втрди дека не е јасно дали караницата е причина за смртта на детето бидејќи детето во болницата стигнало во мошне тешка состојба, односно срцето многу слабо му чукало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст