| четврток, 6 декември 2018 |

Зијадин Села повторно ќе се кандидира за градоначалник на Струга

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, повторно сака да се врати на претходната функција. Тој ќе биде кандидат за градоначалник на Струга, објавија од партијата на социјалните мрежи.

Села за градоначалничката функција се тркаше и на локалните избори во 2013 година и победи. Но, откако партијата доби места во новиот парламентарен состав, тој се откажа од локалната власт и стана пратеник.

Претходно се потврди уште еден кандидат од Алијансата за Албанците, кога министерот за здравство, Арбен Таравари објави дека тој ќе биде кандидат за градоначалник во Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top