Агенцијата УНХЦР постигна договори со држави, меѓу кои е и Данска, секоја година да прифаќаат одреден број бегалци, а Данска од 1989 година примаше околу 500 бегалци секоја година врз основа на тој систем на квоти.
Данската малцинска влада од десниот центар сега не сака да ја прифати обврската, кажа Стејберг која се смета за претставничка на тврдата линија околу проблемот со емигрантите.
„Не верувам дека годинава имаме простор за бегалци според системот на квоти“, кажа Стејберг.
Таа истакна дека Данска од 2012 година примила околу 56.000 баратели на азил и дека се очекува голем број од нив да се обидат во земјата да доведат роднини, како и дека прво треба да се интегрираат оние кои се веќе во Данска.
Антиемигрантската Данска народна партија, која ја поддржува малцинската влада, поддржува предлог за нов закон против примање бегалци, додека малата опозициска Социјалистичка народна партија е против тоа и тврди дека со затворањето на вратата за тие бегалци им се врти грбот на „најслабите бегалци во светот“.
Данска во 2015 година прими околу 20.000 азиланти, што е мал број во споредба со соседните Шведска и Германија.
Стејберг минатата година кажа дека приемот на бегалци преку програмата на УНХЦР е одложен, истакнувајќи дека данските општини треба да имаат „повеќе простор за дишење за подобро да се грижат за оние кои веќе дошле“.
извор:мкд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.