| четврток, 6 декември 2018 |

Врнежи и грмежи – драстична промена на времето до вторник

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

30 Скопје, Виница, 28 Штип, 27 Тетово, 26 Струмица, Кр. Паланка, 25 Гевгелија, Д. Капија, 24 Прилеп, Битола, Тополчани, Берово, Пожаране, Ѓуриште, 23 Претор, Охрид, 20 Маврово, 17 Лазарополе.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.

24 Гевгелија, 16 Штип, 12 Скопје Петровец, 5 Пожаране, Охрид, 3 Скопје-З.Рид, Струмица, Лазарополе, 2 Д. Капија, 1 Тетово, Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно, попладне на повеќе места  нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Во Штип ветерот достигнуваше брзина до 60 км/ч.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно, во источните делови се уште ќе има локален дожд, меѓутоа атмосферата насекаде постепено ќе се стабилизира. Во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.  Т-мин. од 9 до 15 а т-макс. од 28 до 34 степени. УВ=7.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер Т-ра 11 / 33 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран  повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и малку посвежо време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top