| четврток, 6 декември 2018 |

Ирма пристигнува на Куба, Мексико се справи со Катја, се чека Хозе

Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ураганот Ирма, од петта категорија се движи кон кубанскиот архипелаг Камагвеј, со брзина на ветрот од 260 километри на час.

Ураганот Ирма се наоѓа на 443 километри од Мајами и се приближува со брзина од речиси 20 километри на час.

Мексиканскиот Залив синоќа беше погоден од ураганот Катја, кој во меѓувреме ослабна до тропска бура, а максималната брзина на ветерот изнесува околу 70 километри на час.

Ураганот Хосе од четврта категорија се наоѓа на 386 километри источно-југоисточно од  Заветрените Острови, кои се наоѓаат во северниот дел од Мали Антили, група острови помеѓи Карипско Море и Атлантски Океан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top