Нора Шаќири од пред неколку дена е дел од тимот на Роберт Алаѓозовски во Министертвото за култура.
Ова доаѓа откако лани Нора Шаќири јавно преку социјалните мрежи побара работа од тогашниот лидер на опозицијата и сегашен премиер, Зоран Заев.
Невработените незадоволни: вработувањето на Мухамед Зекири во СДСМ разгори војна во опозицијата
Таа од Заев побара да ја вработи, откако поранешниот новинар Мухамед Зекири се вработи во СДСМ, а потоа стана и пратеник од таа партија.
На социјалните мрежи Нора Шаќири го прашуваше Заев зошто е таа помалку вредна од Мухамед Зекири.
Нора Шаќири го прашува Заев зошто е помалку вредна од Мухамед Зекири?
Ова не е единствен случај на вакво вработување во ова Министерство. Кон средината на август се вработи Лидија Кировска, сопруга на директорот на телевизијата „Телма“, Атанас Кировски.
Вработувањето на Кировска во Министерството за култура беше еден од многуте претходни случаи на масовни вработувања, не по клуч на професионалност, туку по клуч на пријатества, непотозам и политички интерес.
Шарените платеници и соросоидите се вдомија во министерството за култура
Покрај директорски позиции недолго по преземањето на власта, СДСМ под државна капа ги стави и други партиски членови, активисти на Сорос, како и лица кои се познати од „Шарената револуција“, кои причинија огромна материјална штета на објекти низ Скопје, како што се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст