Државната изборна комисија има обврска да постапи согласно законот со кој е гарантирано референдумското изјаснување на граѓаните за работите кои директно ги допираат нивните интереси. ДИК не смее во ниеден случај да го попречува одржувањето на локалните референдуми кои граѓаните побараа да се одржат против изградба на мигрантски кампови во нивните општини, истакна Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Истовремено го повикуваме СДС да не врши протисок врз ДИК во врска со организирањето на локалните референдуми. СДС не смее да го попречува организирањето на референдуми само за да го оствари својот план Македонија да ја направи еден голем бегалски камп. ДИК е формирана и платена од граѓаните на Република Македонија за да го гарантира правото на слободно изјаснување. ДИК е институција која е должна да ги штити интересите на граѓаните на Република Македонија на тој начин што ќе им овозможи непостредно да се изјаснат дали сакаат мигрантски населби во нивната општина.
Референдумското изјаснување на граѓаните, додаде Стаменковска, е највисок облик на непосредна демократија, во кој секој граѓанин на непосреден начин може да го искаже својот став по однос на определено прашање.
-Очигледно владата на СДС повеќе ја интересираат миграните одколку граѓаните на Макеонија. СДС планира да насели повеќе илјади мигранти и на нив да им овозможи социјална помош, право на стан и работно место со што сериозно ќе се разниша македонската економија, но и образование, здравствен и социјален систем. Македонија е држава со скромни финасиски средства и ресурси, и висока невработеност, со многу нерешени проблеми, владата на СДС наместо да мислат како и со што да им го подобрат животот на граѓаните, тие се одлучија од државата да направат еден огромен камп за мигранти, со изградба на станови во скоро секоја општина. Во такви услови на владата на СДС не и се приоритет граѓаните на Република Македонија, рече Стаменковска и додаде:
„Ова е многу значано прашање и за идните генерации и владата на СДС и ДИК мораат да им овозможат на граѓаните на Република Македонија непосредно да се изјаснат. СДС наместо да се грижи за граѓаните, тие се грижат за мигрантите, кои Републиа Македонија, нема релна можност и капацитет да ги згрижи. Граѓаните го гледаат ова и затоа ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст