| четврток, 6 декември 2018 |

Скопско лето со Воден парк

Почна изградбата на скопскиот Аквапарк

Се удрија темелите на скопскиот Аквапарак. Водениот парк на лето ќе биде новата атрактивна содржина на Скопје. 12 илјади квадратни метри се наменети за базени, тобогани, река, зграда со ресторан, кафе-бар, објект за прва помош. Водениот парк како содржина во рамки на спортската сала Борис Трајковски се очекува да биде отворен за овогодинешната летна сезона.

Премиерот Никола Груевски на почетокот на работите рече дека се вреднуваат само работите од кои корист имаат сите граѓани. „На ова место, непосредно до Спортскиот центар „Борис Трајковски“, за неколку месеци ќе биде изграден уште еден уникатен објект за забава и за релаксација со културни, трговски, едукативни и спортски содржини. Аквапаркот ќе претставува вистинска атракција за жителите на Kарпош и на Скопје, но и за сите домашни и странски туристи„ додаде Груевски.

Водниот парк ќе чини 4,2 милиони евра, на објектот ќе работат над 200 лица, а на лето и дополнителни сезонски работници, меѓу кои и 35 спасувачи. Инвестицијата е дел од програмата на Владата на Македонија. Проектот го изработи фирмата „Темон“, а изведувач е турската компанија „Полин“, која досега извела над 2.000 вакви проекти.

Според планираното Владата и годнава ќе продолжи да вложува во спортски капацитети, меѓу кои 185 спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 тениски терени, како и стотина повеќенаменски игралишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top