| четврток, 6 декември 2018 |

Супер Скопје: Трајановски и Коневски се забавуваа на Боемска 1 (ФОТО)

Големата забава „Супер Скопје“ вчеравечер продолжи на Боемската улица во Дебар Маало, а приутните се забавуваа со музиката на голем број домашни изведувачи. За одличната забава, на сцената поставена кај Боемска улица 1, се погрижија Влатко Илиевски, Фолтин и Синтезис.

Импресии од забавата сподели и градоналачникот на Скопје, Коце Трајановски, кој воедно ја најави и денешната програма.

„Продолжуваме вечерва на Боемска улица број 2, каде ќе настапат Нино Величковски и Тамбурашите, Љубојна и Оркестарот на Џамбо Агушев“, напиша Трајановски на Фејсбук.

Супер Скопје продолжува со почеток во 21 часот.

Проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, а за реализацијата е задолжена „Горила продукција“ .

Во вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top