| четврток, 6 декември 2018 |

Брнабиќ: Сакаме добри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави вечерва дека не разговарала ниту со македонскиот колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска Типко околу можноста Македонија да го поддржи членството на Косово во Интерпол, но порача дека Србија ќе даде се од себе со Македонија да има само најдобри односи.

– Вечерва не сакам да зборувам за тоа. Вечерва ги славиме нашите добри односи и Денот на Македонија. Србија е отворена, флексибилна и ќе дадеме се од себе да имаме најдобри односи, истакна Брнабиќ, која во име на српската Влада и го честиташе празникот на Република Македонија.

Таа нагласи дека вчера разговарала со амбасадорката Јовановска Типко за натамошната соработка меѓу двете земји и потсети дека му упатила официјален повик на македонскиот премиер Зоран Заев да го посети Белград во ноември.

– Остана да го потврдиме датумот и да ја искористиме првата посета за планирање на заеднички седници меѓу двете влади. Очекувам добра и успешна соработка во иднина, додаде Брнабиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top