Во најновите судири меѓу турската полиција на Истанбулскиот плоштад Таксим попладнево настрада блокатор на телефонски сигнал и интернет.
Тој пламна откако демонстрантите разбрале дека тука е донесен по налог на турската влада која, според CNN, сакала да го блокира телефонскиот контакт на демонстрантите и да ја запре дистрибуцијата на видеа и фотографии кои што од Таксим се испраќаат преку смарт мобилни телефони.
Телевизијата CNN која емитува програма во живо од Истанбул јавува дека на плоштадот каде денеска повторно дојде до ескалација на насилство има околу 2,000 демонстранти но и дека постојано таму пристигнуваат други граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.