По земјотресот утринва во Мексиско имало 61 афтершок од 6,1 степен. Засега вкупно 35 лица го загибиме животот во најсилниот земјотрес на јужниот брег на Мексико, најсилен во земјата во изминатиов век. Најлошо е погоден градот Јучитан.
Геолошкиот институт на САД објави дека магнитудата на земјотресот е 8,1, но претседателот Енрике Пена Нието рече дека е 8,2, што е најсилен во Мексико овие 100 години. Тој рече и дека е посилен од оној во 1985, кога загинаа илјадници во четири мексикански држави. Земјотресот се случил во 23:49 часот по локално време, а епицентарот бил 165 километри западно од Тапачула во Чиапас, недалеку од Гватемала, на длабочина од 69,7 километри. Чиапас е сиромашна држава населена главно со домородни Индијанци, а е популарна кај туристите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.