| четврток, 6 декември 2018 |

Пороен дожд и град- невреме ја зафати Македонија

дождУХМР известува дека попладнето северозападните и југозападните делови од Македонија ги зафати локално невреме со интензивен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и град со големина од 1,5 сантиметри.

До 14 часот најмногу наврнало во Скопје- 16 литри на метар квадратен, а нешто помалку 14 литри на метар квадратен наврна во Прилеп.

Од Управата велат нестабилното време ќе се задржи до крајот на денот, проследено со пороен дожд и со локални форми на невреме со град, особено во централните и источните делови каде се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.

Иако хидролошката состојба е стабилна, од УХМР предупредуваат на можни излевања на малите реки во реоните каде се очекуваат поинтензивни врнежи.

Екипи од Град Скопје и јавните претпријатија ги расчистуваат последиците од невремето. Притоа се апелира до граѓаните да ги пријават дефектите во светлосната патна сигнализација или искршените гранки од силниот ветер да ги пријават во „Улици и патишта“ или „Водовод и канализација“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top