Тодор Живков беше бугарски претседател кој беше со децении на чело на државата во времето на социјализмот. Вчера на 7 септември се навршија 106 години од неговото раѓање.
Речиси 28 години по падот од власта, некои продолжуваат да се сеќаваат на времето пред 1989 со носталгија, други се крајно критични кон репресивната власт на БКП. Трети пак, вчера одлучија да потсетат на фотографиите на кои Живков е снимен до јапонски гејша.
Фотографиите се од првата посета на земјата на изгрејсонцето во 1970 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.