Членството на ВМРО-ДПМНЕ неуморно работи и активно се спрема за голема победа на локалните избори како што велат тие. Штабовите низ целата држава се полни и атмосферата може да се каже дека е еуфорична.
Денеска работен состанок имаше Општинскиот комитет во Гази Баба, тие испратија порака дека граѓаните за само три месеци, виделе како работи Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ и со какви луѓе си имаат работа.
Поради тоа тие очекуваат голема победа на локалните избори, кои ќе се одржат на 15 октомври, а како што велат сите во партијата, победата на тие избори ќе значи подлога за предвремени парламентарни избори, каде граѓаните ќе му кажат конечно збогум на Зоран Заев и повторно на власт ќе дојдат оние кои навистина се грижат за интересите на граѓаните, а тоа ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, покрај еуфоричната атмосфера во комитетите и на собирите на ВМРО-ДПМНЕ, победа на локалните избори предвидуваат и испитувањата на јавното мислење на граѓаните. Анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до голема победа на претстојните локални избори.
37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.
Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.
На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст