| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една геј афера го тресе фудбалот

Последниве години спортистите од светот јавно ја откриваат својата хомосексуална страна.

Поедини фудбалери веќе и јавно признаа дека се хомосексуалци, а во новата геј афера главен актер е некогашниот играч на Барселона и Виљареал, а сега член на Лос Анџелес Галакси – Џонатан дос Сантос.

Мексиканецот наскоро требаше да се ожени со атрактивната Марта Кариедо, но венчавањето е откажано поради аферата во која се најде Џонатан.Причина за откажувањето на венчавката е најверојатно дека Дос Сантос е во врска со непознат маж. Пријателите и фамилијата откриваат како Џонатан веќе подолго време е во врска и со уште еден фудбалер, чие име не го откриваат. Меѓутоа, медиумите во Мексико тврдат дека се работи за ѕвездата од Баерн Тиаго Алкантара.

Шпанските медиуми и порано пишуваа дека Дос Сантос има склоност кон ист пол. Додека играше во Виљареал се шпекулираше дека се во геј врска со новото заслување на Милан Матео Мусакио, но се докажува дека овие претпоставки никогаш не се потврдени. Како и да е, очигледно е мексиканскиот фудбалер не сака повеќе да крие за својот хомосесксуален живот, но официјално признавање на играчот се уште се чека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top