Со 300 километри на час, ветровите од ураганот Ирма, го остави без дом семејството на штипјанката Билјана Шутева,
која живее и работи во Филисбург Холандски Антили на Карибскиот архипелаг, објави Канал 5.
Според она што го раскажала на роднините во Штип, ураганот буквално ја одувал зградата во која живее. За среќа таа, нејзиниот сопруг, едногодишниот син и нејзините родители, кои неколку месеци се на гости кај нејзе, го преживеале ударот на Ирма, засолнувајќи се во подрумскиот дел од она што останало како зграда. Утрото по апокалиптичната ноќ и
катастрофата што ја оставил ураганот, Билјана веднаш ги контактирала најблиските во Штип.
– Тоа утро, по страшната ноќ со ураганот, децата се јавија. Со нив разговараа моите ќерки. Внуката Билјана ни соопшти дека се живи и здрави, но ураганот им однел буквално се. Немаат храна, сува облека, а најпотребно им било во овој момент храна за нивниот едногодишен син и мој правнук Кико, изјави за Канал 5 чичкото на Билјана, Ангел Шутев.
– Да, страшно било таа ноќ. Ветрот дувал со неверојатна голема брзина, создавајќи морничав звук. Ние, како роднини се правиме како од оваа дистанца од илјадници километри, некако да и помогнеме на внуката Билјана, мојот братучед, нејзин татко Киро и снаата Олга, кои од Април се таму. Го чуваат правнукот Кико, дополни Димитар Шутев чичко на Билјана.
Од МНР ги дадоа броевите на најблиското македонско дипломатско претставништво за тој регион. На броевитеe 0012023907418 и 0012026670501, Билјана и евентуално останатите македонски граѓани кои имаат штета од ураганот Ирма, може да контактираат и да добијат помош. Унесреќеното македонско семејство по страшната ноќ, е сместено во импровизирано прифатилиште во Филисбург, каде живее и работи. Град на еден од островите на Холандски Антили на Карибскиот архипелаг. Инаку, Билјана Шутева е внука на македонскиот олимпиец, покојниот Симеон Шутев, кој во
далечната 1968 година на Олимписките игри во Мексико го освои првото олимписко злато за Македонија и тогашна Југославија во борење слободен стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст