| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските партии со заедничка листа во скопска Гази Баба

 

Локалните избори во Македонија ги разделија албанските политички партии да излезат со свои кандидати за градоначалници и листи за општински советници.

Но, во Гази Баба, како никаде на друго место, Движењето Беса, Алијансата за Албанците и ДУИ ќе се натпреваруваат со заедничка листа на советници со цел да не распарчуваат албанските гласови, кои се малцинство во општината.

Под иницијатива и организација на локалната заедница “Алија Авдовиќ” -Хасанбег односно секретар Зурап Муртезани успеа сите шефови на ограноците во Гази Баба, на Движењето Беса, Фатмир Шаќири, Демократската унија за интеграција, Али Садику и Алијансата за Албанци, Шефик Укиќи да ги обидени и едногласно одлучија на локалните избори во општина Гази Баба за општински советници за да се натпреваруваат со заедничка листа. Потпишувањето на договорот за заедничка листа за општински советници на Гази Баба ќе се случи на 07.09.2017.

Инаку, локалните избори треба да се одржат на 15 октомври оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top