Најмалку пет луѓе ги загубија животите во земјотресот со интензитет од 8 степени по Рихтеровата скала што го погоди денеска Мексико. Меѓу жртвите се и две деца.
Гувернерот на покраината Табаско, Артуро Нуњез, изјави дека едно дете загинало кога поради потресот се урнал ѕид, а едно бебе го загубило животот во детска болница кога поради прекин на струја, кога било прекинато и напојувањето на инкубатори.
Три лица загинале во мексиканската држава Чијапас. Земјотресот го погоди јужниот брег на Мексико и покрена цунами. Епицентарот бил на 123 км југозападно од градот Пихихапан на длабочина од 33 км.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.