Универзитетската професорка по хармоника од Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Зорица Каракутовска, синоќа во театарот „Ла Нуова Фениче“ во градот Осимо, Италија, ја доби светската награда CIA Merit Award за 2017 година. Наградата се доделува од 1963 година, а проф. Каракутовска е најмладата добитничка досега и единствена од Македонија.
Ова е меѓународно признание кое се смета за „Оскар“ за посебни заслуги и постигнати успеси во светот на хармониката. Секоја година Светската унија на хармоникашите, членка на Меѓународниот музички совет на УНЕСКО, доделува награди на истакнати музичари. Годинава на зимскиот конгрес, кој се одржа во Нирнберг, Германија, престижната унија MERIT AWARD ѝ ја додели на проф. Каракутовска, претседателка на македонското Здружение на хармоникашите.
Со добивањето на оваа награда проф. Каракутовска се најде во елитата хармоникаши со Јури Шишкин, Фридрих Липс, Вјачеслав Семјонов, Анатолиј Кусјаков, Мика Вауринен и други. Наградата ѝ беше доделена на гала-концерт во рамките на 70. јубилејна манифестација „Куп Мондијале“, кој се одржува деновиве во Осимо, Италија (групна фотографија од македонската делегација на „Куп Мондијале“ во Италија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст