Планираната инвестиција на компанија која планираше да инвестира во Македонија и да вработи над 1500 лица, заминува во Србија. Тие ќе ја затворат постоечката фабрика во Македонија со што на улица остануваат нас 1.000 вработени кои веќе работат во фабриката.
Главна причина за ваквата одлука е индолетниот однос на новата Влада и најавите дека нема да се соработува. Компанијата е со американски капитал и е еден од најугледните брендови за производство на автомобилски делови.
Ваквата одлука на оваа компанија дава најава за затворање на веќе постоечките фабрики во Македонија и заминување на инвеститори кои вработуваат илјадници граѓани.
Оваа компанија која веќе инвестира во Македонија и има значителен број на вработени. Освен тоа што новата планирана инвестиција се сели во Србија тие планираат затворанње на веќе постоечката фабрика во Македонија, со што на улица остануваат над 1.000 вработени кои веќе работат во фабриката на оваа компанија.
Задоволна од инвестициската клима и од соработката со претходната Влада, оваа компанија имаше донесено одлука да го вложи својот капитал во нашата земја. Сепак, поради игнорантскиот однос на новата Влада на Зоран Заев и фактот што ниту еднаш не биле контактирани во последниве три месеци, ја промениле својата интерна одлука. Инвестицијата ќе ја реализираат во соседна Србија и наместо македонски, ќе си вработат 1500 српски граѓани.
http://republika.mk/wp-admin/post.php?post=818204&action=edit
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.