Градоначалниците на Град Скопје и општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски вечерва го посетија Мичурин каде остварија средба со жителите жителите од оваа населба. Тие беа пречекани од голем број на сограѓани кои изразија поддршка за двајцата градоначалници, кои воедно се и кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори кои следат наредниот месец.
Тие на средбата со жителите на Мичурин разговараа за големиот број реализирани проекти во тој дел на општината, како и за проектите планирани за идниот период. Мичуринци на средбата изразија огромна поддршка за сите проекти што досега се реализирани во нивната населба, но и воопшто на целата територија на општината.
Инаку, изминатите неколку години, во Мичурин беа изградени, реконструирани и целосно осветлени три улици: Анастас Митрев, Анастас Митрев 3 и Венијамин Мачуковски. Во изминатиот период беше изградена канализација на улицата Симеон Кавракиров, а неодамна и нова атмосферска мрежа покрај булеварот Трета македонска бригада. Во најстарата населба во Аеродром почна и реконструкција на фасадите, Општина Аеродром редовно ја поддржува манифестацијата Мичуринска средба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Кравава тепачка пред локал во Мичурин: Четворица другари претепани од 10 лица