Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 12. седница донесе одлука за распишување на оглас за именување нов јавен обвинител.
Предлогот беше подддржан од парламентарното мнозинство со 61 глас „за“, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски образложи дека пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“ немаат намера да бидат присутни во моментот на гласањето бидејќи според нив изгласувањето на оваа точка од дневниот ред е надвор од Изборниот законик.
– Имавме кратка средба со господинот Џафери на која беше договорено бидејќи нема обезбедено доволно мнозинство оваа точка да се закаже и да се гласа во понеделник, рече Димовски, додавајќи дека ваквите постапки од страна на претседателот на Собранието претставуваат изигрување на довербата.
На ова реагираше претседателот на Собранието Талат Џафери кој потврди дека било така договорено, но, како што посочи, пред да се симне во собраниската сала бил известен од страна на координаторите дека се собрале доволен број на пратеници.
– Ќе го почитувам барањето и ставот на опозицијата дека во моментот на гласањето не сакаат да бидат присутни, рече Џафери.
Предлогот за објавување оглас за именување јавен обвинител до Собранието го достави Владата, по разрешувањето на Марко Зврлески од 17 август.
Согласно член 41 од Законот за јавно обвинителство, Собранието на Република Македонија по предлог на Владата, го огласува именувањето на јавниот обвинител на РМ во „Службен весник на Република Македонија” и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процента од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник”.
Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.
Потоа постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. Потоа одлуката оди во Собрание како Предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.
По изгласувањето на оваа точка од дневниот ред дадена е пауза од 15-тина минути со цел со координаторите на пратеничките групи да се усогласи динамиката на работа по оваа седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст