| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во првите 100 дена на владата што јас ја предводев имавме 56 завршени проекти

Првите 100 дена на Владата што јас ја предводев во 2006, значи не во 2008 кога веќе бевме две години на власт, не во 2011, не во 2014 кога имаше уште поголеми резултати и проекти, туку 2006 кога ние дојдовме на власт од опозиција. Ние тогаш имавме најмалку 56 завршени проекти во споредба со ова што го слушавме Заев, кој што ниту еден проект не спомна.

Ова денеска од Куманово го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој таму беше на средби со граѓаните. Тој посочи дека во првите 100 дена по доаѓањето на власт од опозиција ги намлалиле даноците, вовеле рамен данок, го намалиле ДДВ-то за земјоделските производи и механизација.

– Воведовме субвенции за земјоделците, тие нема субвенции. Воведовме најпрво 20 милиони евра како интервентна мерка само за 2006, а потоа постепено го зголемувавме, и стигнавме до меѓу 140 и 155 милиони евра во 2016 евра, појасни Груевски.

Истакна дека во првите 100 дена успеавлее да ги направат сите подготовки и да ги отворат јавниот меѓународен мобилен оператор, кој како што рече, успеа и подоцна донесе 70 отсто намалување на цените на телефонските услуги.

– Направивме чекори во однос на образованието. Го поднесовме Законот и тој беше во завршна фаза за отворање на нов универзитет во Источна Македонија. Направивме чекори во повеќе области, во многу области и тоа беше видливо. Луѓето почувствуваа што значи да се има нова влада, со концепт, со стратегија, со план и цврсто насочена кон тоа да го исполни ветеното за само 100 дена. Разликата од тогаш до сега е огромна, потенцира Груевски.

Верува дека граѓаните ќе се потсетат на тоа што Владата на ВМРО-ДПМНЕ го правела во првите 100 дена, и она што сега го прави Владата која ја предводи СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top