Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски изврши увид во првата електронска патарина во земјава на влезот на Куманово, првата од предвидените 7 модерни електронски патарини кои ќе се градат во земјава. Граѓаните ќе можат да изберат дали ќе платат со пари, со картичка или со специјални тагови кои ќе бидат залепени на предните ветробрански стакла на автомобилите. Првата модерна патарина се очекува да биде пуштена во употреба до крајот на годината.. Првиот човек на партијата се надева дека новата влада нема да го стопира овој проект кој значително ќе ја намали гужвата на кумановските патарини.
Претседателот на партијата прошета низ кумановската чаршија каде оствари средба со граѓаните од Куманово кои посочија на големиот проблем што го имаат со урбаната мафија, која како што велат, со години владеела со градот.
Кумановските пензионери побараа од Груевски да не дозволи да се укинат придобивките за пензионерите, а помладите, да се вложува повеќе во развојот на градот со отворање нови бизниси и нови работни места пред се, за младите. Се пожалија на урбаниот и сообраќаен хаос, и редици други проблеми од реалниот живот. Ние ќе понудиме решенија на следните локални избори кои ќе значат решавање на проблемите на кумановчани затоа што заслужуваат подобро, додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст