Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остро ги демантираат и осудуваат манупилациите и лажните вести на интернет портали и медиуми под контрола на СДСМ за лажните вести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласале „За“ Законот за јазици. Веста беше беше објавена порталот Ако.мк.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е крајно несериозно и непрофесионално е новинари блиски до СДСМ да ја лажат македонската јавност со цел да предизвикаат конфузија кај јавноста со цел да го испреат срамот на пратениците на СДСМ кои што не само што гласаат „За“ Законот за јазиците, туку дури и во тридневната расправа на Комисијата за европски прашања немаа образ да излезат на говорница и да го соопштат тоа на македонската јавност.
-Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести кои што ги продуцираат порталите на СДСМ бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поради недозволувањето поединечно гласање од страна на претседателот на комисијата и поради тоа што во неколку наврати се изјаснија дека Законот за јазици е противуставен, не гласаа на Комисијата за европски прашања. Нагласуваме дека во секоја фаза до сега, но и во секоја фаза во иднина пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против неуставниот Закон за јазици, се вели во демантот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците од најбројната партија во Собранието испратија апел до сите интернет портали и медиуми да не подлегнуваат на притисоците од страна на СДСМ и да не се обидуваат да го перат срамот и одговорноста на пратениците на СДСМ кои што гласаа и го прифатија Законот за јазиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст