| четврток, 6 декември 2018 |

Празнична временска прогноза

Следи продолжен викенд, а метеоролозите носат лоши вести.

В петок, по свежото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Утринските температури ќе се движат од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 23, односно 34 степени. В сабота умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и во северозападните предели. Минималните ќе бидат од 9 до 18, додека пак максималните од 21 до 32 степени. В недела ќе има преодна стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со дневни температури што ќе се движат од 23 до 34 степени. Нов бран на врнежи се очекува в понеделник, кога ќе бидат и поинтензивни, а локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри. Утринските температури ќе бидат од 9 до 18 степени, додека дневните од 20 до 30 степени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top