| четврток, 6 декември 2018 |

Докажани, работливи и чесни: Со актуелните градоначалници ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа во Аеродром и Валандово

ВМРО ДПМНЕ на претстојниве локални избори ќе има убедлива победа. Тоа го покажуваат сите релевантни истражувања и тоа го чувствуваме секојдневно при нашите активности и средби со граѓани. Граѓаните нема да дозволат да бидат по втор пат прелажани од Заев и СДС, и ќе го казнат нивното катастрофално однесување. Граѓаните на дело ја видоа неспособноста на Заев и неговите кадри, во овие сто дена од нивното владеење исполнети со понижувања, лаги и креирање хаос, истакна генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Кадровските промашувања на Заев стануваат негова клучна карактеристика, исто како и неговата страст и порив за противправно работење. И заради ова ќе биде казнет од народот и убедливо ќе ги загуби локалните избори. За победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе придонесат, покрај најквалитетните и реални програми, и кадрите кои се работници и кои во својата работа имаат докажани резултати, конкретни дела кои се видливи, мерливи, опипливи, забележливи и кои никој не може да ги избрише или пак потисне, рече Мицкоски и додаде:

Имам задоволство да соопштам дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а централниот комитет ги усвои, покрај досега објавените кандидати и овие два канидати за градоначалници:

За Општина Аеродром станува збор за Ивица Коневски, актуелен градоначалник на општината и еден од најуспешните градоначалници во Македонија кој зад себе има стотици реализирани проекти, кој успеа да ја издигне општина Аеродром на ниво на најпосакуваната општина за живот не само во Скопје, туку и во Македонија, кој досега спроведе огромен број капитални инфраструктирни и комунални проекти, но кој во својата понуда и визија ќе има нови проекти кои се одговор на потребите на барањата на граѓаните на Аеродром.

За Валандово, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го усвои предлогот од Извршниот комитет, а тоа е господинот Николче Чурлиновски, актуелен градоналаник кој успеа да се докаже со својата посветеност и работа во интерес на граѓаните на Општина Валандово и кој поради низата дела зад себе како и досега и сега ја ужива најголемата доверба на своите сограѓани.

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ како од аспект на кандидати, така и од аспект на програма и проекти се гаранција дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес и во насока на реализација на потребите на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија знаат дека може да се потпрат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа гарантира продолжување на континуитетот на реализирани комунални и инфраструктурни проекти во нивната општина“.

Граѓаните, потенцираше тој, за овие три месеци најлесно може да ја увидат разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ.

Токму локалните избори и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе го отворат можност заедно со граѓаните да ставиме крај на ова лудило и деструктиција на СДС. Час поскоро после убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе почне процесот за предвремени парламентарни избори со кои ќе се спречат последиците од штетни политики кои СДС ги води и во сферата на економијата и во земјоделието и во локалниот развој, но најважно од се во насока на разнебитување на Република Македонија. За татковината се работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top