Трајче Заев, братучед на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, се стекнал со 4.861 акција од „Герас Цунев конфекција“, така што сега поседува 22,25% од основната главнина на друштвото.
Од „Герас Цунев конфекција“ а.д. Струмица преку Македонската берза информираат дека Трајче Заев преку трговска трансакција се стекнал со 4.861 акција од издавачот „Герас Цунев конфекција“, со што сега поседува вкупно 15.126 акции или 22,25% од основната главнина на друштвото.
„Истовремено лицето Јанева Снежана го намали своето учество во акционерскиот капитал на друштвото, и отуѓи 3.367 акции, со што сега поседува 13.631 обична акција или 20,05% од основната главнина на друштвото“, велат од компанијата.
Според проверките, вредноста на една акција изнесува 300 денари, што значи дека Заеви платиле 1.458.300 денари и со тоа стекнале 22,25% од основната главнина на друштвото. „Герас Цунев конфекција“ има имот вреден милиони, хотел, ресторани и дуќани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.