Флекситеријанство се смета за најголем тренд во исхраната за оваа година. Како што наговестува и самото име, станува збор за флексибилно вегетаријанство. Нешто како вегетаријанец со повремени отстапки. Сега веќе не морате да се етикетирате како строг вегетаријанец и одвреме-навреме може да се дозволите и малку месо.
Зад овој термин стои оној вид исхрана што се препорачува за здрав и долг живот – а тоа е правилна исхрана и умереност во јадењето, со акцент на зеленчук и овошје и минимално консумирање месо.
Наводно, овој нов тренд сугерира и зголемена свесност кон тоа што го внесуваме во нашето тело, како и поголема грижа за здравјето, но и за околината. Всушност, овој тренд не нуди ништо ново, само можете да се правите главни во друштво и да кажете дека сте флекситеријанец.
извор: pharmanews.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст