Во писмо до кое дојде „Република“, а кое е испратено во 90-тите години од минатиот век до тогашниот прв човек на Комисијата за односи со верските заедници, Владо Камбовски, се гледа колку владиката Кирил бил почитуван меѓу верниците на МПЦ на американскиот континент.
Верниците од Камбовски бараат државата, тогаш СРМ, да влијае врз МПЦ за да се врати владиката Кирил поради неговата одлична работа во овој дел од светот.
Во писмото има и други интересни моменти кои многу наликуваат и на денешните односи во МПЦ-ОА.
Денеска упокоениот владика Кирил беше единствениот жив владика од членови на првиот Синод на МПЦ што прогласи автокефалност од СПЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.