| четврток, 6 декември 2018 |

За продолжениот викенд променливо време и повремен дожд

Променливо време со повремен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за деновите од претстојниот празничен викенд. Утре ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а во крајните западни делови ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

В сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови од земјава. Нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на нестабилност се очекуваат во понеделник кон крајот на денот.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 17, а максималните дневни од 30 до 34 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top