| четврток, 6 декември 2018 |

Три нови филма на репертоарот на кино „Милениум“

Од денеска на репертоарот на скопското кино „Милениум“ се три нови филма.  Филмовите „Малиот Бигфут“ (The son of Bigfoot), Нашето последно танго (Our last tango) и „Тоа“ (It) се новитетите кои ќе се најдат на програмата од четврток, 07 септември.

„Малиот Бигфут“ е возбудлива авантура за тинејџерот Адам, кој тргнува во потрага за својот татко и открива неверојатна тајна – татко му е, ни повеќе ни помалку, легендарниот Бигфут. Тој со години се криел длабоко во шумата за да се заштити и себе и своето семејство од големата корпорација која сака да изведе експеримент со неговата ДНК. Таткото и синот почнуваат да го надоместуваат загубеното време, а Адам наскоро открива дека има супермоќи. Меѓутоа, не е свесен дека неговата потрага по таткото ја донела корпорацијата блиску до Бугфут.

Генијалниот Стивен Кинг и неговата книга „Тоа“ станаа светски феномен по екранизацијата далечната 1990 година. Кога ќе почнат да исчезнуваат децата од гратчето Дери, група деца ќе мора да се соочат со своите нејголеми стравови. Тие ќе мора да се сретнат со злобниот кловн, чијашто историја на насилства и убиства датира од далечното минато.

„Нашето последно танго“ е љубовна приказна за најпознатото танго дуо во историјата на тангото. Марија и Хуан се сретнуваат како тинејџери и играат заедно скоро 50 години. Филмот ни ја прикажува целата нивна љубов и омраза, неколкуте нивни болни разделби и повторни наоѓања. Одличната кореографија и страсната музика одлично го објаснуваат скриениот шарм на тангото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top