| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ не дозволува референдум во Центар

Советниците на СДСМ денеска на седницата во општина Центар гласаа против ставање на дневен ред на точката за распишување на референдум за населување на мигранти во општина Центар.

Координаторот на советничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја предложи темата на дневен ред која што е поттикната пред се од граѓанската иницијатива „Будење“ која минатата недела со повеќе потписи достави до општина Центар петиција за отпочнување на итно и неодложно ставање на оваа тема на дневен ред.

-Се работи за тема која е од суштинско значење за граѓаните на општина Центар бидејќи знаеме што во иднина би значела усвојување на стратегија за населување на бегалци во општина Центар. Точката на дневен ред би сакале да биде „дали сте за населување и интеграција на мигранти во општина Центар“, изјави Томислав Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат референдумот за тоа дали граѓаните се „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина тоа да го направат на 15 октомври денот кога ќе се одржат и локалните избори.

Но овој предлог наиде на жестоки рекации кај советниците на СДСМ и на претседателот кои започна вербална дискусија со совентиците од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top