| четврток, 6 декември 2018 |

Кејти Холмс по пет години конечно јавно прошета со својата љубов

ејти Холмс и Џејми Фокс веќе четири години се во врска, до вчера не постоела ниедна нивна заедничка фотографија, ниедно видео на кое се снимени еден покрај друг…А сето тоа поради болниот договор кој Кејти морала да го потпише кога се разведувала од Том Круз.

Една од најбизарните холивудски приказни, верувале или не, е вистинита, и во септември 2012. година, како услов за добивање на брз развод од Том Круз, Кејти прифатила и клаузула според која се обврзува дека пет години по разводот нема да направи нешто јавно што би можело да го понижи Круз.

Таа бизарна клаузула конечно истекла, и Кејти Холмс и Џејми Фокс конечно повеќе не мора да се кријат, па биле фотографирани заедно на прошетка по плажите во Малибу.

Актерите блескале од среќа, а тоа што е сигурно, Том Круз сигурно нема да биде среќен кога ќе ги види овие фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top