Ураганот Ирма уништил повеќе згради и предизвикал големи поплави на неколку карипски острови. Во моментов
нема податоци за потенцијални жртви или повредени.Четири згради на островот Свети Мартин, кои ги делат Франција и Холандија, целосно се уништени, изјави францускиот министер за внатрешни работи Џерар Коломб. Освен тоа, поради ураганот прекинати се сите комуникациски мрежи меѓу Франција и островот.
Ирма, која важи за најсилниот ураган кој го погодил Атлантикот, прво налетал на островот Антигва и Барбуда, пред да прејде на францускиот остров Свети Вартоломеј и Свети Мартин.
На островите Свети Вартоломеј и Свети Мартин причинета е значителна штета, изјави француската министерка за прекуморските територии, Аник Жирарден. Ураганот ги откорнал покривите на куќите и прекинал далеководите на двата острови. По наводите на властите во Гвадалупе и соседните острови, пожарникарната станица на Свети Вартоломеј е под метро вода и ниедно возила за помош не може да се движи. Како што се наведува, седиштето на владата на Свети Мартин е делумично уништена и целиот остров нема струја. Струјата исто така делумично е прекината на поголемиот остров
Гвадалупе, каде опасност од ураганот е намалена, иако и понатаму постои опасност од поголеми поплави.
Ураганот со пречник од 50 километри, остана околу час и половина над островот Свети Вартоломеј и потоа се премести на над островот Свети Мартин. Разорната моќ на ураганот денеска ќе се засили над тие два острови, а климаксот се очекува да го достигне вечерва. Веќе се измерени удари на ветер со брзина од 360 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст