| четврток, 6 декември 2018 |

Делев: Локалните избори ќе го најават заминувањето на оваа ненародна власт која ја покажа својата неспособност

Поминаа 100 дена блокирање проекти, стопирања, економско уназадување, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези. Поминаа 100 дена од нова атиреформска влада и тие 100 дена се промашени денови за македонските граѓани, за македонската економија и македонското стопанство, истакнува кристијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Помина и безличната пресконфернција на Зоран Заев за овие 100 дена во која не кажа никаков реализиран проект, конкретни резултати, бројки и статистики. А кој резултат да го прикажат кога во најважната сфера како економијата предизвикаа катаклизма. После долго време индустриското производство бележи пад од 2,2 %. Ова ја покажува целата нивна безидејност, немање концепт и неспособност. Падот во индустријата може да предизвика негативни импликации на извозот, вработеноста, бруто домашниот производ. Дополнително, наместо просечна плата од 500 евра, СДС успеа да ја намали просечната плата за 0,7%. Ако вака почнаа за три месеци со негативни резултати, прашање е како оваа неодговорност ќе заврши по македонското стопанство и стандардот на граѓаните. Обидот на СДС да го покрие својот неуспех со популистички мерки како субвенционирање на минималната плата, само може да предизвика уште поголеми штети. Да покриваш минимална плата со пари на граѓаните не е долготраен и издржан концепт, бидејќи откако ќе помине предвидениот рок од 9 месеци работите ќе станат уште полоши, работодавците ќе почнат да отпуштаат работници, да намалуваат плати или да им бараат дел од платата работниците да го вратат назад. Тоа е класично сеење на магла сега пред локалните избори кое има за цел да ги корумпира гласачи, кое ќе има краток век, но со страшни буџетски импликации и негативно влијание врз целокупната економија во Македонија, истакна тој.

Делев потенцира дека погрешните политики на СДСМ во економијата може да предизвикаат премногу сериозни и далекусежни последици од кои потоа ќе бидат потребни години да се поправат.

-Наместо намалување на даноците и обезбедување на подобри услови во стопатсвото СДС најавува покачување на даночните стапки. Тоа веќе почнува да ги одвраќа 60-тина потенцијални инвеститори, а за жал слушаме дека и постоечки 3 странски инвестиции планираат да ги отселат своите погони од Македонија и на улица да остават илјадници работници. Стравуваме дека заради неодговорноста на СДС лесно може да се повторат несреќните слики од деведесетите кога секојдневие беше затворање на фабрики, а близу 200 000 работници ги изгубија своите работни места. Несериозниот пристап не се однесува само кон странските инвеститори. И домашните компании и бизнисмени се засегнати од тоа. Наместо најавените 140 милиони евра помош кои СДС ги најавуваше во кампањата, гледаме дека се планира покачување на сите давачки кон државата, што ќе резултира со клуч на многу фирми, ако тоа претходно не го направи УЈП на послушникот Лукаревска. Концептот на СДС во економијата е поразителен. Тие се водат од максимата после нас потоп. Секоја недела безмилосно се задолжуваат со аукции на државни хартии од вредност, а згора на се се потрошија 170 милиони евра од девизните резерви. Ова ќе предизвика дисторзија на макроекономијата, но уште полошо ќе влијае на кредитниот рејтинг на државата, а лесно може да се загрози долгогодишниот стабилен курс на денарот. Граѓаните се уверија дека СДС едно говори во кампања, сосема друго прави на власт. Граѓаните видоа дека СДС нема никаков капацитет да ја води економската политика. Целото лицемерие на СДС, но и неспособност создаваат оправдан страв, и кај граѓаните, и кај стопанствениците, но и кај работниците, и кај работодавачите, дека Македонија оди во погрешен правец. Оваа погрешна и катастрофална политика на СДС може и мора да се прекине. Тоа ќе се случи сега на престојните локални избори кога граѓаните јасно и недвосмислено ќе ја казнат оваа неспособна и антиреформска власт на СДС. Тие со катастрофалниот пораз, кој ќе им го испорачаат на локалните избори, ќе ја отворат вратата за предвремени избори. Локалните избори ќе го најават заминувањето на оваа ненародна власт која само за три месеци ја покажа целата своја негрижа, неспособност и неодговорност кон државата и кон сопствените граѓани, додаде Делев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top