| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: СДСМ глуми лажна консруктивност

Пратеникот Илија Димовски и координатор на еден од патеничките групи на опозицијата рече дека реагираат остро бидејќи СДСМ во текот на вчерашниот ден на Комисијата за буџет и финансирање гласале против предлогот студентите да добијат вредносни ваучери. Според она што го покажал СДСМ, не очекуват дека и другите два закони, за покачување на плата на администрација и за измена на Закнот за извршување да добијат нивна поддршка.

-Со тоа СДСМ призна дека глуми лажна конструктивност и покажува лицемерие не кон нас, туку кон граѓаните кои беа опфатени со овие закони. Долколку СДСМ гласаше, студентите ќе добиеа ваучери за купување компјутери, војската, полицијата и лекарите ќе примаа повисоки плати за 5% и ќе беа намалени трошоците за извршување. Ова е потврда дека СДСМ има монополитичко однесување кон оваа собрание и дека овој парламент е на тенко мнозинство од 62 пратеници не на сите граѓани, рече пратеникот Илија Димовски.

Димовски додаде дека без оглед на односот на СДСМ, тие ќе гласаат за предложените пакети закони, за укинување на радиодифузна такса,  зголемување на минималната плата и материјално обештетување на стечајните работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top