| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во скопска фирма: Лазејќи, стигнал до женска чанта, па украл сѐ што фатил

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против 39-годишниот Х.Р. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“, предвидено и казниво по член 238 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Пријавениот го извршил делото на 01.09.2017 година околу 14 часот во фирма лоцирана на улица „Страшо Пинџур“. Х.Р. лазејќи по подот влегол и од женска чанта од чекалната одзел паричник во кој имало околу 1.500 денари, лични документи и три кредитни картички. Во момент кога сакал да го напушти местото, бил забележан од оштетената која почнала да вика по него да застане и да го врати паричникот. Пријавениот ја турнал оштетената и избегал. Додека бегал по улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, бил забележан од случаен минувач, кој потрчал по него и успеал да го совлада и задржи до доаѓање на полициски службеници.

Х.Р. бил приведен во Полициската станица Центар. По извршениот разговор со него, украдените предмети биле вратени на оштетената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top