| четврток, 6 декември 2018 |

„Нашето последно танго“ – страствен филм за танцовата двојка Марија Нивес и Хуан Карлос Копес

Кого публиката доаѓа да види кога станува збор за танци во двојка? Тоа е болното прашање кое го поставува „Нашето последно танго“, страствен, креативен документарец во режија на Герман Крал за танцовата двојка Марија Нивес и Хуан Карлос Копес, која го популаризираше аргентинското танго низ целиот свет. Од утре филмот игра во киносалите низ републиката во дистрибуција на „КТ Филм и Медиа“.

Нивес и Копес беа чести гости на американската телевизија во раните 1960-ти и помогнаа мјузиклот „Танго Аргентино“, номиниран за наградите „Тони“, да заигра на Бродвеј во 80-тите години. Но, нивното сцениско романтично партнерство беше прекинато од многуте неверства на Копес. Конечно, тој одлучи да продолжи – успешно – без неа.

Филмот на Крал нуди некои основни информации за тангото и објаснува како Копес го премислил танцот за да се прилагоди на популарната култура што се развивала. Но, „Нашето последно танго“ е повеќе приказната на Нивес…

Дистрибуцијата на филмот во Македонија е помогната од German Films.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top