Законот за јазиците, во оваа форма, ги загрозува другите јазици на заедниците во Република Македонија, смета Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и најави амандмани на законот што треба да придонесат за еднаквост на сите граѓани во државата. Димовски упати остри критики до владејачкото мнозинство, кои се однесуваа на уривање на концептот на мултиетничност на општеството и преминување на биетничко општество со овој закон.
– Овој закон не го почитува мултиетничкиот карактер на македонското општество гарантиран со Охридскиот рамковен договор и со Уставот на Република Македонија. Овој закон значи воспоставување билингвалност и биетничност и на општеството и на државата. Би сакал да ве информирам и да фрлам понуда спрема вас. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква спротиставеност во рамки на Уставот да пронајде начини за подобра имплементација и подобра употреба на албанскиот јазик кога станува збор за интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ истото апсолутно го цени и го мисли кога станува збор и за турскиот јазик, и за босанскиот јазик, и за српскиот јазик, и за ромскиот јазик, и за влашкиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ во амандманска расправа ќе ви понуди амандмани со кои што рамноправноста и еднаквоста ќе важи за сите, не само за Македонците и Албанците. Република Македонија околу 15% од нејзините граѓани и нејзините жители се припадници на помалите етнички заедници. Зошто тие 15% да бидат помалку еднакви од од 25% Албанци. Зошто кога зборувате за еднаквост и рамноправност зборувате само за Македонците и Албанците. Ошто никој не зборува за еднаквоста на Турците во Македонија, или Бошњаците или Србите или Власите или на Ромите.Ние ќе го понудиме во амандмани тој концепт и овие жалопојки и убави зборови кои што ги слушнавме од еден од колегите пратеници од ДУИ ќе ги тестираме на лице место, во амандманска расправа- рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст