| четврток, 6 декември 2018 |

Атак на Владата врз најранливите: Пензионерите со минимални примања нема да добијат ни 100 денари покачување

300.000 пензионери на удар на економските политики на Владата. Тие на крајот на месецов ќе ги земат пензиите со најавеното покачување од само еден отсто или 180 денари месечно. Од новата влада очекувале повеќе, бидејќи во предизборната кампања СДСМ ветуваше достоинствен живот за постарите граѓани. Со минатогодишните зголемувања на пензиите за 600 денари успевале да ги покријат трошоците за сметки, лекови и храна, сега стравуваат како ќе го поминат месецот.

Од Сојузот на здружението на пензионерите велат дека мора да се размислува за дополнително зголемување на пензиите, особено за 170.000 пензионери чии месечни примања се под просекот. Кај нив покачувањето за овој месец ќе биде помалку од 100 денари, вели претседателот Аргировски.

–Во овој случај, со најмала пензија 8.500 денари ќе земе само 80 денари, а ако земал 640 денари значи дека губи околу 500 денари. Значи со други зборови, треба да се размислува како да им помогнеме на тие што имаат помали пензии, вели Аргировски.
Во изминатите десет години, најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, скокна на 8.895 денари во декември 2016 година. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари, што е зголемување за 79%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top