| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна поддршка и победничка атмосфера во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија владее победничка атмосфера. Во пресрет на локалните избори најголемата партија во Собранието организира состаноци низ државата. Средби остваруваат и младите, но и жените.

Унијата на жени веќе подолг период одржува состаноци за да ги чуе проблемите, но и идеите на граѓаните. Состаноците се масовно посетени, владее позитивна атмосфера, а симнатизерите, членовите и граѓаните задоволни од досегашната политика на ВМРО-ДПМНЕ цврсто веруваат во убедливата победа на партијата на овие избори.

Вечерва состаноци на Унијата на жени се одржаа во Гази Баба, Карпош и Битола.

Победничка атмосфера има и на состаноците на Унијата на млади сили, кои преку кампањата „Младински маалски средби“ денеска се сретнаа со младите во Крушево и Радовиш.

На овие средби присуствуваше и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Инаку, покрај еуфоричната атмосфера во комитетите на опозициската партија, победа на локалните избори предвидуваат и испитувањата на јавното мислење на граѓаните. Анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до голема победа на претстојните локални избори.

37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top