| четврток, 6 декември 2018 |

Костадинов: Головите не се само мои, туку на целиот тим

Тихомир Костадинов е новата ѕвезда во македонската репрезентација до 21 година. Фудбалерот на Ружомберок ги постигна сите три гола во триумфот над Ерменија и најави дека Македонија може да се надева на нов настап на оваа генерација на Европското првенство.

-Одигравме одличен меч. Ова е мој прв хет–трик во кариерата. Важна победа за нас. Головите не се само мои, туку на целиот тим. Плодот се на колективната, тимска игра која не красеше на овој меч и која верувам ќе нè краси и на мечевите кои следат. Пресреќен сум, презадоволен. Селекторот Милевски по мечот ни рече дека мора да веруваме во самите себеси, затоа што имаме квалитет и тоа за многу повеќе, изјави за „Македонски спорт“, Тихомир Костадинов по мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top