| четврток, 6 декември 2018 |

Владата усвои Декларација за слободни и фер избори

Владата на Република Македонија на денешната 26. седница ја усвои Декларацијата за слободни и фер избори, како темелна вредност која произлегува од членот 22 од Уставот на Република Македонија, според кој, секој полнолетен граѓанин има избирачко право кое е еднакво, општо и непосредно, кое се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Согласно оваа Декларација, Владата им препорачува на сите носители на јавни и државни функции, како и на вработените во органите на државната управа, да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори, за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин и да обезбедат почитување на принципот на тајното гласање за да може гласачите слободно да гласаат, без страв или заплашување.

Во декларацијата исто така се вели дека треба да се обезбеди изборниот процес да се одвива непречено за да се избегне измама или друга незаконитост и да се одржи неговата безбедност и интегритет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top