| четврток, 6 декември 2018 |

Познати составите Македонија – Албанија: Ангеловски со победнички состав ќе бара поволен резултат

Македонската А фудбалска репрезентација вечерва ја очекува предизвикот Албанија и тоа на стадионот „Младост“ во Струмица. Вечерва со почеток во 20:45 часот македонската репрезентација ќе одигра натпревар во рамките од квалификациите за Светското првенство. На дваесетина минути пред почетокот на натпреварот познати се и составите за овој натпревар.

 

Нашите фудбалери се подготвени да го дадат максимумот, а селекторот Игор Ангеловски реши ништо да не менува и да излезе на терен со истите единаесетмина од средбата со Израел која да потсетиме ја добивме во Хаифа со 1-0 со голот на Горан Пандев.

Освен капитенот Пандев во стартната постава се голманот Димитриевски, дефанзивците Ристевски, Ристовски, Муслиу и Велкоски, Барди и Спитосвкис е во срцето на средината, по крилните позиции се Николов и Алиоски, а пак најистурен е Несторовски.

Албанија тргнува со двајца напаѓачи со Хика и Садику.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top