Градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вечерва пред месната заедница во Долно Лисиче одржаа средба со жителите. На средбата се разговараше за реализираните проекти во тој дел на општината и за проектите планирани за идниот период.
Жителите на Долно Лисиче ги изнеле своите идеи, предлози и предизвици со кои се соочуваат во секојдневието.
Во минатите неколку години во Долно Лисиче беше изградена целосна фекална канализација, беа асфалтирани речиси сите улици и нивните краци, беа изградени тротоари и беше поставено јавно осветлување, целосно беше променета водоводната мрежа, изградена беше атмосферска канализација, а во меѓувреме се реконструира и прошири патот од Горно до Долно Лисиче. Покрај инфраструктурата, во Долно Лисиче се изградени и две повеќенаменски спортски игралишта, детско игралиште и две зелени паркчиња со урбана опрема.
Градоначалникот Коневски им соопшти на граѓаните дека во претстојниот период се планира да се изгради спортска сала и детска градинка во Долно Лисиче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром