Избраниците на тренерот Раул Гонзалез, одлично го отворија натпреварот и до 12. минута направија предност од пет гола 6:1. Но, во наредниот период следеше пад во играта кај европскиот шампион, период кој добро го искористи тимот на Жељко Бабиќ и со серија од 7:1 го презеде водството во своја корист 7:8, во 21. минута од натпреварот. Ова беше доволна причина Раул Гонзалез да побара тајм – аут за да ги посоветува своите ракометари што вроди со плод. „Црвено -црните” веднаш си го вратија водството, направија и предност од два гола 12:11, во финишот од полувремето имаа напад и за три разлика, но направија техничка грешка, а тоа со гол го казни словенечкиот тим, кој на одморот замина со негатива од еден погодок 12:11.
Паузата добро му дојде на македонскиот шампион, кој уште по првите десет минути од вториот дел се одлепи на седум разлика 21:14. Вардар и во продолжение од натпреварот го контролираше резултатот и не дозволи пад во играта како што беше случај во првото полувреме. Напроти постојано ја одржуваше високата предност што придонесе Гонзалез во игра да ги стави и младите Попоски и Ончев, кои добро ги искористија своите минути на теренот.
Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Иван Чупиќ со пет гола, четири даде Марсениќ, а по три постигнаа Поповски, Кристопанс и Дибиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст