Оние кои подзаборавиле како е кога СДС е на власт може да се потсетат – овој кошмар може да се прекине на 15 октомври, потсети Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на дешната конференција за печат, на која се осврна на најцрниот период – 100 дена влада на СДСМ. Тој истакна дека никого веќе не го чуди вртоглавиот пад не поддршката на СДСМ и големата разочараност.
–Како што дојдоа на власт, така и ја практикуваат. Дојдоа по пат на хаос, нечесно и со тешки манипулации и интриги, и нормално продолжуваат и работат на истиот начин. Ние не очекувавме повеќе и подобро од нив, но сега и тие што очекуваа видоа каков експеримент и се случува на нашата држава. Сега граѓаните ќе можат добро да споредат. Оние кои подзаборавиле како е кога СДС е на власт, може да се потсетат. Токму вака изгледа, а ќе биде и полошо доколку не им застанеме на пат. Овој кошмар може да се прекине на 15 октомври!, посочи Груевски.
-Убедливото мнозинство не се согласува со ова! Казната ќе стигне многу брзо! Народот гледа и одмерува! И ќе им покаже што мисли! Македонија станува повторно на нозе! Ние ќе сме рамо до рамо со него, со секој еден граѓанин и одиме напред силно! Да го запреме овој хаос што го прават, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст